Login

usercockpit

Фудбал за приjателство

Меѓународната детска социјална програма "Фудбал за приjателството" ја реализира Акционерско Друштво "Гаспром", официјален партнер на ФИФА и Светското првенство за фудбал 2018 во рамките на глобалната социјална програма "Гаспром за децата".

Програмата "Фудбал за приjателството" е насочена на развојот на детски фудбал, популаризациjата на младински спорт и здрав начин на животот, на едукациjата за толеранција и промовирањето на пријателството меѓу децата од различни земји. Основните вредности на програмата: приjателство, еднаквост, справедливост, здравје, мир, посветеност, победа, традиции и чест. Програмата годишно добива растечката поддршка од водечките глобални и национални медиуми, невладините организации, познатите уметници и познатите фудбалски ѕвезди. Повеќе од 400 000 луѓе од целиот свет се истомисленици на програмата.

Клучен настан на програмата е Меѓународниот детски форум "Фудбал за приjателството", на којшто се собираат заедно талентирани фудбалери од различни земjи на светот на возраст од 12 години. Момчиња и девојки, вклучувајќи ги и децата со посебни потреби, кои можат да играат фудбал, активно ги промовираат основните човечки вредности во рамките на спроведувањето на програмата. Програмата "Фудбал за приjателството" активно се развива како глобална платформа за обука на млади амбасадори за форматите на ефикасна промоција на вредностите на програмата во целиот свет.

Во 2017 година во програмата учествуваат млади играчи од 64 земји од Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка: Азербеjџан, Алжир, Аргентина, Ерменија, Бангладеш, Белорусија, Белгија, Бугарија, Боливија, Бразил, Велика Британија, Унгарија, Венецуела, Виетнам, Гана, Германија, Грција, Данска, Египет, Индија, Ирак, Иран, Исланд, Шпаниjа, Италија, Казахстан, Киргистан, Кина, Кореја, Латвија, Либија, Литванија, Македонија, Мексико, Мозамбик, Холандија, Норвешка, Пакистан, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Сирија, САД, Таџикистан, Танзанија, Тајван, Туркменистан, Турција, Украина, Уругвај, Узбекистан, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Естонија, Јапонија, Јужна Африка.

Во рамките на Отворената ждрепка, која е закажана на 16-ти март во истиот ден со официјалното отворање на програмата, 64 млади фудбалери случајно се комбинираат во 8 меѓународни мешани Репрезентации на Приjателството. По Отворената ждрепката во 64 земји започнува "Штафета на приjателството", во рамките на која се врши селекција на млади амбасадори на националното ниво.

Петти (јубилеен) меѓународен детски форум "Фудбал на приjателството" се одржува во Санкт-Петербург од 26-ти јуни до 3-ти јули 2017 година. Гостите на Форумот учествуваат во Меѓународното првенство "Фудбал на приjателството" 2017 помеѓу 8 Репрезентации на Приjателството, кои се натпреваруваат за првото место на турнирот.

Сите активности и настани на Форумот се опфатени од страна на медиумите. Секоjа година на Форумот доаѓаат професионални новинари од водечките изданија на земји-учеснички, а исто така и млади новинари који ги придружуваат младите амбасадори на своите држави. Како дел од програмата за млади новинари организиран е Меѓународниот детски прес-центар, кој има за цел да ги опфати сите активности на програмата на локалното и глобалното ниво.

Форумот ќе заврши со посетата на сите учесници на финалето на Купот на Конфедерациите на ФИФА 2017.

Од 2014 година на годишно ниво во рамките на "Фудбал на приjателството" на 25-ти април се одбележува Меѓународниот ден на фудбалот и пријателството. На овој ден, сите земји кои учествуваат во програмата, ги одржуваат пријателските натпревари, кои започнуваат со размената на Белезниците на приjателството, кои се официјален симбол на програмата, знак на толеранцијата, еднаквоста и здравиот начин на животот. Меѓународниот ден на фудбалот и приjателството е поддржан од страна на познатите спортисти, културни работници, новинари, како и владини претставници.

Во рамките на Форумот учесниците се наградуваат со специјална награда - Купот "Девет вредности". Купот се доделува на еден од професионалните фудбалски клубови, којшто jа покажува најголемата посветеност на деветте вредности на програмата "Фудбал на приjателството" преку благотворителност, социјални иницијативи и други проекти кои се спроведуваат за доброто на општеството. Уникатноста на Купот на "Девет вредности" е дека победникот се определува од страна на децата, учесниците на програмата "Фудбал за приjателството".

 

Историјата на програмата

 
Првиот Форум се одржа на 25-ти мај во 2013 година во Лондон и ги собра младите спортисти од 8 европски земји (Бугарија, Велика Британија, Унгарија, Германија, Грција, Русија, Србија и Словенија). Учесниците на Форумот го подготвиjа отвореното писмо во кое се формулирани основните вредности на програмата: приjателство, еднаквост, справедливост, здравје, мир, посветеност, победа и традиции. Писмото потпишано од страна на претставниците на земјите, и исто така од страна на глобалниот амбасадор на програмата Франц Бекенбауер, подоцна беше испратено до лидерите на меѓународните спортски организации.

Вториот Форум двојно jа зголеми својата географија со обединувањето на младите играчи од 16 земји: Белорусија, Бугарија, Велика Британија, Унгарија, Германија, Италија, Холандија, Полска, Португалија, Русија, Србија, Словенија, Турција, Украина, Франција и Хрватска. Форумот се одржуваше од 23-ти до 25-ти мај 2014 година во Лисабон, а се заврши со изборот на лидерот на меѓународното движење "Фудбал на приjателството". Според резултатите од гласањето, во кое учествуваа сите спортисти, поканети на Форумот, лидерот на движењето и диригентот на основните вредности на програмата за наредната година стана Филипе Соарес од Португалија.

Во рамките на Форумот исто така за прв пат беше одржан Меѓународниот уличен фудбалски турнир. Победникот на турнирот стана екипата на португалски "Бенфика", второто место го освои "Црвената Ѕвезда" од Србија, и репрезентацијата од Русија ја затвори тројката на лидерите.

Третиот Меѓународен детски форум "Фудбал на приjателството" коjшто се одржа во Берлин од 4-ти до 7-ми јуни 2015 година, ги поздрави претставниците од 24 земји од Европа и Азија: Австрија, Белорусија, Белгија, Бугарија, Велика Британија, Унгарија, Германија, Шпанија, Италија, Казахстан, Кина, Холандија, Полска, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Турција, Украина, Франција, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Јапонија. Учесниците од азиските земји ја донесоа во програмата деветта клучна вредност - чест.

Специјалната награда - Купот "Девет вредности" за првпат беше презентирана на Форумот во Берлин. Победникот беше Фудбалскиот клуб "Барселона". Децата кои гласаа за Фудбалскиот клуб "Барселона", високо ги оцениjа иницијативите на клубот за поддршката и развојот на детскиот фудбал, како и помошта од страна на Фудбалскиот клуб "Барселона" за младите фудбалери од земјите во развој.

Четвртиот Меѓународен детски форум "Фудбал за приjателството" се одржа во Милано од 26-ти до 29-ти мај 2016 година. Гостите на Форумот учествуваа во Меѓународниот уличен фудбалски турнир помеѓу екипите од 32 земји-учеснички, а исто така добиjа можност за комуникациjа со своите врсници од другите земји, и со ѕвездите на светскиот фудбал, вклучувајќи го и глобалниот амбасадор на програмата Франц Бекенбауер. Во рамките на Форумот Купот "Девет вредности" го освои Фудбалскиот клуб "Баерн". Исто така, во 2016 година освојувач на Купот "Девет вредности" беше екипата на "Ал-ВАХАДА" која ја претставуваше Сирија во рамките на Четвртата сезона на програмата "Фудбал за приjателството". Церемонијата на доделувањето на Купот се одржа во рамките на прикажувањето на јавна премиера на документарниот филм "Три дена без војна" во Дамаск, Сирија. Фудбалерите на клубот "Ал-ВАХДА" ја доби наградата за посветеност на вредностите на програмата "Фудбал за приjателството" и волјата за победата.

GLOBAL MEDIA PARTNER

GENERAL MEDIA PARTNER

SPECIAL LANGUAGE PARTNER

LOCAL MEDIA PARTNER

This website uses cookies to enhance usage, for web analysis, advertising purposes and to integrate social media. You hereby give consent for this website or third-party suppliers to place cookies on your device. For more information please see our privacy policy