Login

usercockpit

Белезицата на приjателството

Белезицата на приjателството е официјален симбол на програмата "Фудбал за пријателството", знак на толеранцијата, еднаквоста и здравиот начин на животот. Белезицата е основана во 2014-та година и истата претставува два едноставни конци од сина и зелена боја.

Сината боја го симболизира јасното и чистото небо, единствено за сите и драго за секој, мирно и ведро, какво што и треба да биде. Зелената боја е бојата на фудбалското игралиште, непроменливо и достапно за сите и за секого, во било коjа земjа во светот, без оглед на возраста, полот и социјалниот статус.

Учесниците на програмата "Фудбал за пријателството" си ги разменуваат Белезиците на приjателството пред почеток на пријателските фудбалски натпревари и други активности на програмата. Врзување на Белезицата на пријателството ја симболизира подготвеноста на учесниците да станат пријатели и да ги поддржуваат основните вредности на програмата - толеранцијата и приjателството помеѓу претставниците на различни земји.

Во улогата на амбасадорите на "Фудбал за пријателството", децата - учесници исто така ги поклонуваат Белезиците на пријателството на познатите личности од областа на културата и спортот, новинарите и претставниците на власта. На тој начин, Белезицата на пријателството придонесува за промовирањето на вредностите на програмата и привлекувањето на нови поддржувачи на движењето "Фудбал за пријателството".

GLOBAL MEDIA PARTNER

GENERAL MEDIA PARTNER

SPECIAL LANGUAGE PARTNER

LOCAL MEDIA PARTNER

This website uses cookies to enhance usage, for web analysis, advertising purposes and to integrate social media. You hereby give consent for this website or third-party suppliers to place cookies on your device. For more information please see our privacy policy