Login

usercockpit

Започна петтата сезона на меѓународниот детски проект на "Гаспром" "Фудбал за пријателството"

16.03.2017 година Хамбург, Германија. Денес, "Гаспром" како официјалниот партнер на ФИФА и Светското првенство во фудбал во 2018 го објави стартот на Петтата сезона на Меѓународниот детски социјален проект "Фудбал за пријателството" кој ќе се одржи во Санкт-Петербург (Русија) од 26 јуни до 3 јули.

Во 2017 година проектот географски значително се прошири: бројот на земјите-учеснички се зголеми за два пати - од 32 на 64. За прв пат во проектот "Фудбал за пријателството" ќе учествуваат деца од Мексико и САД. На тој начин, проектот ги обедини младите фудбалери од четири континенти - Африка, Евроазија, Северна Америка и Јужна Америка.

Петтата сезона ќе се одржи во нов формат. Наместо националните тимови, коишто ги претставуваа фудбалските клубови од различни земји, младите играчи ќе бидат консолидирани во осум меѓународни тимови - Репрезентациите на Пријателството.

Денес, во текот на јавната ждребка беше определен составот на екипите, а исто така и играчките позиции на претставниците од земјите-учеснички. Индивидуалниот избор на играчите ќе се одржи во рамките на "Штафета за пријателството". Меѓународниот организациски комитет на проектот "Фудбал за пријателството", во соработката со националните фудбалски федерации ќе изберат млади фудбалери кои ќе ја претставуваат својата земја во 2017 година. Ќе бидат формирани екипи со по 8 играчи од момчиња и девојки, вклучувајќи ги и оние со посебни потреби, на возраст од 12 до14 години.

Ждрепката се одржа во режимот на интернет конференција. Во свеченоста учествуваа млади тренери на Репрезентациите за Пријателството: Михаил Бабич (16 години, Русија), Рене Ламперт (15 години, Словенија), Стефан Максимовиќ (15 години, Србија), Фелипе Соарес (17 години, Португалија), Чарли Суи (12 години, Кина), Елвира Херцог (16 години, Швајцарија), Игор Христјук (14 години, Украина) и Брендон Шабани (15 години, Велика Британија), како и претставникот на Меѓународниот прес-центар на проектот Лилиjа Матсумото (15 години, Јапонија).

 "Како играчот учествував во сезоната во 2016 година. Сметам дека да се биде дел од проектот - тоа е голем успех, коjшто ги отвора новите можности за секој млад амбасадор на проектот. Доколку би имал 12 години, јас ќе направев се за да станам учесник во новата сезона и за да играм фудбал на фудбалскиот терен заедно со останатите момци!" - рече Рене Ламперт, главниот играч на младиот состав на ФК "Марибор".

На 25 април кон учесниците на програмата ќе се приклучат десетици илјади деца и возрасни во рамките на прославата на Меѓународниот ден на Фудбалот и Пријателството. Секој од нив ќе го врзи официјалниот симбол на проектот, Белезица на пријателството, која се состои од конци од сина и зелена боја, коишто симболизираат еднаквост и почитување на здрав начин на живот.

На 1 јули во Санкт-Петербург ќе се одржи Меѓународното Фудбалско Првенство за Пријателството, во рамките на кое на теренот ќе излезат тимовите, формирани од млади играчи од различни националности, пол и физички способности.

На 2 јули ќе се одржи Петтиот Меѓународни Форум "Фудбал за пријателството", каде што децата заедно со познатите фудбалери и новинари ќе ги разгледаат прашањата за промоцијата на вредностите на проектот во различни земји.

На крајот на петтата сезона на проектот "Фудбал за пријателството", учесниците на Форумот ќе го посетат финалниот натпревар на Купот на Конфедерациите-2017 на стадионот "Санкт-Петербург Арена".

Традиционално Меѓународниот детски прес-центар ќе работи во текот на целата сезоната. Младите новинари ќе учествуваат во сите клучни настани на исто ниво со возрасните дописници.

"Гаспром ги спроведува глобалните проекти насочени кон иднината, и "Фудбал за пријателството" многу точно одговара на тоа. Вкупниот број на земји-учесници во последните четири години зголеми на осум пати. Оваа година во Санкт Петербург ќе се сретнаат младите играчи од четири континенти. Ова значи дека вредностите на нашиот социјален проект се јасни и важни за децата и младинците во целиот свет ", - изјави Претседателот на Управниот одбор на АД "Гаспром" Алексеј Милер.

Иницијативата на "Гаспром" им овозможува на децата од целиот свет да бидат слушнати. Ние на 100 проценти ги поддржуваме целите и клучните вредности на "Фудбал за пријателството". Ние сме многу среќни да бидеме од помош на сите иницијативи на организацискиот комитет на програмата пред Светското првенство ФИФА во 2018 година", - истакна комерцијален директор на ФИФА Филип Ле Флок.

 

Информација

Меѓународниот детски социјален проект "Фудбал за пријателството" го реализира АД "Гаспром" во рамките на програмата "Гаспром - за децата". Целта на овој проект е развојот на младинскиот фудбал, промоцијата на толеранцијата и почитувањето на различните култури и националности кај децата од различни земји. Клучните вредности коишто ги поддржуваат и ги промовираат учесниците се пријателството, еднаквоста, справедливоста, здравјето, мирот, посветеноста, победата, традициите и честа.

Главниот настан на проектот е годишниот Меѓународен детски форум "Фудбал за пријателството", на којшто младите фудбалери од целиот свет се собираат и дискутираат со претставниците на медиумите и познатите фудбалери за прашањата поврзани со почитувањето на вредностите низ целиот свет.

Специјалната награда на проектот "Фудбал за пријателството" е Купот на деветте вредности. Ова е уникатен трофеј, кој секоја година се доделува на еден од професионалните фудбалски клубови за реализирањето на социјалните иницијативи кои ги претвараат во животот вредностите на проектот. Победникот се избира со гласањето од страна на младите амбасадори, коешто се одржува во сите земји - учеснички на проектот "Фудбал за пријателството".

Годишно илјадници учесници од целиот свет се приклучуваат кон проектот. Во текот на реализирањето на проектот, истиот значително се прошири географски, од 8 земји во 2013 година на 64 земји во 2017 година. Стотици млади фудбалери стануваат амбасадори на движењето "Фудбал за пријателството" и неговите вредности во нивните земји. Симболот на проектот "Фудбал за пријателството", Белезицата на пријателството, ја носат над 400 илјади луѓе во целиот свет, вклучувајќи ги и децата, возрасните, познатите спортисти и новинари, актерите, политичарите и претседателите на различни држави.

Земjи-учеснички на проектот во 2017 година: Австрија, Азербејџан, Алжир, Аргентина, Ерменија, Бангладеш, Белорусија, Белгија, Бугарија, Боливија, Бразил, Велика Британија, Унгарија, Венецуела, Виетнам, Гана, Германија, Грција, Данска, Египет, Индија, Ирак, Иран, Исланд, Шпанија, Италија, Казахстан, Киргистан, Кина, Кореја, Латвија, Либија, Литванија, Македонија, Мексико, Мозамбик, Холандија, Норвешка, Пакистан, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Сингапур, Словачка, Словенија, Сирија, САД, Таџикистан, Танзанија, Турција, Туркменистан, Украина, Уругвај, Узбекистан, Финска, Франција, Хрватска, Чешка, Швајцарија, Естонија, Јапонија, Јужна Африка.

"Гаспром" е глобална енергетска компанија. Главните насоки на деjноста се геолошките истражувања, екстракцијата, транспортот, чувањето, преработката и продажбата на гасот (вклучуваjќи го и погонското гориво), гасовната кондензација и нафтата, како и производството и продажбата на топлинска и електрична енергија. Компанијата работи на териториjа на Русија, во земjите на Африка, Блискиот Исток, Европа, Латинска Америка, Централна, Јужна и Југоисточна Азија.

Гаспром е најголемата компанија во светот во однос на резервите на природен гас и обемот на неговото производство, а снабдувањето со гас на руските потрошувачи се врши и во повеќе од 30 земји. "Гаспром" е еден од четири водечки руски производители на нафта, се наоѓа на прво место во Русија според обемот на постоечката моќ во термоенергетската индустрија, а исто така и е светски лидер во производството на топлинска енергија.

Заедно со активниот развој на производството, "Гаспром" им посветува големо внимание на социјалните проекти. Компанијата им помага на многу спортски организации и обезбедува поддршка на многу настани од меѓународното и националното ниво.

Назад

GLOBAL MEDIA PARTNER

GENERAL MEDIA PARTNER

SPECIAL LANGUAGE PARTNER

LOCAL MEDIA PARTNER

This website uses cookies to enhance usage, for web analysis, advertising purposes and to integrate social media. You hereby give consent for this website or third-party suppliers to place cookies on your device. For more information please see our privacy policy