Login

usercockpit

Посветеност на клучните човекови вредности ги обедини десетици илјади луѓе низ целиот свет

25.04.2017. Настани кои промовираат мир, пријателство, еднаквост и здрав начин на животот, и кои се посветени на Светскиот ден на фудбалот и пријателството, започнаа денес во Европа, Азија, Африка, Северна и Јужна Америка. Десетици илјади деца и возрасни учествуваат во пријателски натпревари, отворени тренинзи, флешмоби, телемаратони и спортски настани. Познати фудбалери, тренери, ТВ презентери и артисти ги поддржуваат учесниците низ целиот свет. 

За прв пат Денот на фудбалот и пријателството беше прогласен во 2014 година со помош на младите амбасадори на Меѓународната детска социјална програма АД "Гаспром" "Фудбал за пријателство" која се одржа со поддршка на ФИФА и УЕФА. На овој ден, секој кој ги споделува најважните човекови вредности, како што се еднаквост, почитување на другите култури и мирен соживот ја врзува на раката една сино-зелена белезица на пријателство. Син конец на белезицата го симболизира мирното небо, а зелен конец - фудбалскиот терен, достапен за секого.

Оваа година белезиците на пријателството почнаа да ги носат Хуго Тинели, ТВ презентер во Аргентина, Ксу Ли, главен одговорен уредник на новинската агенција во Кина, Димос Пирос, трикратен победник на Олимписките игри од Грција, Миодраг Божевиќ, познат тренер од Србија, Кевин Блум, судија на највисоката категорија на ФИФА од Холандија.

Во настаните учествуваа познати фудбалери, меѓу кои и српскиот одбранбен играч Бранислав Ивановиќ и рускиот голман од фудбалскиот клуб Зенит Јуриј Лодигин (Санкт Петербург, Русија), холандскиот напаѓач Дирк Кујт од фудбалскиот клуб Фејенорд (Ротердам, Холандија). Во Атина, на настанот присуствуваше победник во Европското фудбалско првенство во 2004 година од националниот грчки тим Теодорас Загаракис, вршител на должност член на Европскиот парламент од Грција.

"Многу важно е дека овој ден паѓа на тој момент кога луѓето од целиот свет треба да jа покажаат и докажаат својата посветеност на принципите на еднаквоста и почитувањето на едни со други. "Фудбал за пријателството" ја дава оваа можност и преку помладата генерација ги учи луѓето за мир и пријателство, без оглед на пол, возраст и физички можности. Многу сум задоволен дека Фудбалската Федерација на Пакистан беше поканета на програмата како локален оператор. Се надевам дека еден ден ќе бидеме во можност да го одржиме финалето во нашата земја, како и да ги поканиме децата од целиот свет во Пакистан "- сподели своите емоции Фахад Кан, Фудбалската Федерација на Пакистан .

Информација

Светскиот ден на фудбалот и пријателството се слави во повеќе од 60 земји ширум светот, вклучително и во Русија, САД, Бразил, Индија, Кина, Германија, Франција, Алжир, Сирија, Ирак, Јапонија и други земји. За времето додека трае настанот повеќе од 400 илјади луѓе беа вклучени во прославата. Со текот на годините, Светскиот ден на фудбалот и пријателството беше поддржан од страна на стотици играчи: светската фудбалска легенда Франц Бекенбауер (Германија), еден од најсилните напаѓачи во историјата на африканскиот континент Дидје Дрогба (Брегот на Слоновата Коска), познатиот одбранбен играч на Реал Мадрид Мичел Солгадо (Шпанија), поранашен играч на Лондонски Арсенал Андреј Аршавин (Русија), поранешен капитен на националната репрезентација Витор Баја (Португалија) и други ѕвезди на светскиот фудбал.

Меѓународниот детски социјален проект "Фудбал за пријателството" се реализира од страна на АД "Гаспром" почнувајќи од 2013 година. Проектот ги обединува децата од различни етнички групи, различен пол, различни физички способности. Пријателството, мирот и еднаквоста - се клучните вредности кои се промовирани од страна на учесниците на "Фудбал за пријателството". Целта на овој проект е развојот на младинскиот фудбал, промоцијата на толеранцијата и почитувањето на различните култури и националности кај децата од различни земји. Клучните вредности коишто ги поддржуваат и ги промовираат учесниците се пријателството, еднаквоста, справедливоста, здравјето, мирот, посветеноста, победата, традициите и честа. 

Назад

GLOBAL MEDIA PARTNER

GENERAL MEDIA PARTNER

SPECIAL LANGUAGE PARTNER

LOCAL MEDIA PARTNER

This website uses cookies to enhance usage, for web analysis, advertising purposes and to integrate social media. You hereby give consent for this website or third-party suppliers to place cookies on your device. For more information please see our privacy policy