Login

usercockpit

МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОРУМ „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“ 2017 НА ГАСПРОМ, ОБЕДИНЕТИ ДЕЦА ОД 64 ЗЕМЈИ

03.07.2017. Санкт Петерсбург, Русија. МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕТСКИ ФОРУМ „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“ 2017 НА ГАСПРОМ имплементиран од Гаспром, официјалниот партнер на ФИФА и FIFA World Cup™ 2018 година се одржа во Санкт Петерсбург. На настанот учествуваа повеќе од 1.000 гости од 64 земји од целиот свет. Учествуваа млади учесници со различен пол, етничко потекло и различни физички способности, новинари претставници на врвни меѓународни медиуми, фудбалски ѕвезди, олимписки и параолимписки шампиони, легенди на ФИФА, врвното раководство на ФИФА, рускиот Олимписки комитет, меѓународни детски добротворни фондови и одговорни лица на фудбалски федерации. Главни вредности на програма што сите гости ги поддржуваат се мирот, еднаквоста и здравиот начин на живеење.

Петтата сезона на „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“ се одржа во нов облик и обедини учесници од Европа, Азија, Африка, Јужна и Северна Америка. Според ОТВОРЕНОТО ИЗВЛЕКУВАЊЕ што се одржа на почетокот на петтата сезона, младите амбасадори се обединија во осум меѓународни ПРИЈАТЕЛСКИ ТИМОВИ и се сретнаа во Санкт Петерсбург за време на МЕЃУНАРОДНИОТ F4F ШАМПИОНАТ на ГАСПРОМ во 2017 година.

Штафетната трка се организира за првпат во 2017 година. Тоа е фаза за национална квалификација на млади фудбалски играчи и млади новинари што се одржа во сите земји учеснички. Резултатите и имињата на учесниците беа објавени на 25 април, за време на Меѓународниот ден на фудбалот и пријателството, кога стотици илјади деца и возрасни се приклучија во настанот и си врзаа Белезици на пријателството, официјалниот симбол на програмата.

За време на петтата сезона на програмата „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“, Гаспром создаде МЕЃУНАРОДЕН ДЕТСКИ ФОРУМ, каде млади новинари ги покриваа настаните од програмата во својата земја, подготвувајќи вести и материјали за водечки меѓународни спортски масовни медиуми. Децата учествуваа во подготовката на материјали за меѓународниот ТВ-канал „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕСТВО“, меѓународниот детски весник, официјалните радио-станици и објави на социјалните мрежи. Материјалите се подготвија на 43 јазици. Финалните настани од ПЕТТАТА СЕЗОНА НА МЕЃУНАРОДНАТА ДЕТСКА ОПШТЕСТВЕНА ПРОГРАМА „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“ НА ГАСПРОМ беа опфатени од 2.000 новинари од целиот свет.

На почетокот на финалните настани на F4F, деца и возрасни од целиот свет учествуваа во тридневен камп за пријателство, во кој беа вклучени фудбалски тренинг сесии со млади тренери, мастер часови од фудбалски ѕвезди, игри за исполнување задачи во рамките на Училиштето за 9 вредности и Олимписки лекции што вклучуваа говори на службените лица и амбасадорите од Рускиот олимписки комитет.

Традиционално, сите млади учесници во ПРОГРАМАТА „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО“ отидоа на фудбалскиот натпревар заедно со нови пријатели. Годинава имаа прилика да ги поддржувват националните тимови на Чиле и Германија во текот на финалето на ФИФА Купот на конфедерации што се одржа во новиот стадион во Санкт Петерсбург.

„Стартувавме проект во кој младите фудбалски играчи се клучни фигури и оваа иницијатива ја поддржаа голем број атлети, лица од медиумите и организации од граѓанското општество. Оваа година имавме рекорден број од 64 земји учеснички. Тоа им даде на децата од целиот свет прилика да ја покажат својата посветеност на идеите за еднаквост и мир и да станат вистински Амбасадори на „ФУДБАЛ ЗА ПРИЈАТЕЛСТВО““ - рече Виктор Зубков, Претседател на Одборот на директори на Гаспром.

„Драго ни е што ја поддржуваме оваа уникатна иницијатива на нашиот ФИФА партнер Гаспром. Форумот е совршен пример како фудбалот може да се употреби за да им отвори врати на девојчиња и момчиња од сите средини, мисија што ФИФА ја поддржува активно“ - коментираше Фатма Самура, Генерален секретар на ФИФА.

Историјат

Гаспром го имплементира Меѓународниот детски општествен проект „Фудбал за пријателство (F4F)“ уште од 2013 година. Проектот има за цел да го развие фудбалот кај младите и да ја поттикне толеранцијата и почитта кон различните култури и етнички групи кај децата од целиот свет. Клучните вредности што ги поддржуваат и промовираат учесниците во проектот вклучуваат пријателство, еднаквост, праведност, здравје, мир, посветеност, победа, традиции и чест.

Годишниот Меѓународен детски форум „Фудбал за пријателство“ е најважниот настан во рамките на проектот и обединува млади фудбалери од разни земји, кои со професионалните лица од медиумите и славни фудбалски играчи разговараат за светска промоција на клучните вредности.

Проектот F4F има специјална награда: Купот на девет вредности е уникатен трофеј што се доделува секоја година на професионален фудбалски клуб што ги имплементирал општествените иницијативи врз основа на вредностите на проектот. Победникот е избран од млади амбасадори на F4F со гласање што се врши во сите земји што учествуваат во проектот.

Илјадници учесници се приклучуваат секоја година во F4F. Од својот почеток, географскиот опсег на проектот е значително проширен од 8 земји во 2013 година, на 64 земји во 2017 година. Стотици млади атлети стануваат амбасадори на F4F и неговите вредности во односните земји. Белезицата на пријателството, официјалниот симбол на F4F, ја носат над 400.000 деца и возрасни, славни атлети и новинари, уметници, политички личности и шефови на држави.

Во 2017 година, земјите учеснички беа следните: Алжир, Аргентина, Арменија, Австрија, Азербејџан, Бангладеш, Белорусија, Белгија, Боливија, Бугарија, Кина, Хрватска, Чешка, Данска, Египет, Естонија, Финска, Франција, Германија, Гана, Грција, Унгарија, Исланд, Индија, Иран, Ирак, Италија, Јапан, Казахстан, Киргистан, Латвија, Либија, Литванија, Македонија, Мексико, Мозамбик, Холандија, Норвешка, Пакистан, Полска, Португалија, Романија, Русија, Србија, Сингапур, Словакија, Словенија, Јужна Африка, Таџикистан, Танзанија, Турција, Туркменистан, Украина, Уругвај, Обединето Кралство, Обединети Американски Држави, Узбекистан, Венецуела и Виетнам.

Петтата сезона на проектот се одржа во нов облик. Наместо да се претстават фудбалски клубови од различни земји, младите играчи се обединија во осум меѓународни Пријателски тимови. Осумчлените тимови беа составени од 12-годишни момчиња и девојчиња, вклучувајќи ги и оние со посебни потреби. Меѓународниот организациски комитет на F4F ги здружи напорите со националните фудбалски федерации за да ги одбере играчите (по еден претставник од секоја земја).

Назад

GLOBAL MEDIA PARTNER

GENERAL MEDIA PARTNER

SPECIAL LANGUAGE PARTNER

LOCAL MEDIA PARTNER

This website uses cookies to enhance usage, for web analysis, advertising purposes and to integrate social media. You hereby give consent for this website or third-party suppliers to place cookies on your device. For more information please see our privacy policy