Login

usercockpit

Деца од 64 земји играа Фудбал за пријателство

1 јули 1, 2017, Санкт Петерсбург. Шампионатот на „Фудбал за пријателство„ се одржа во Санкт Петерсбург како дел од 5-тата сезона на Меѓународната детска општествена програма на Гаспром „Фудбал за пријателство“.

Младите фудбалери, амбасадори на програмата од 64 земји, се обединија во боите на шампионатот. 12-годишни момчиња и девојчиња се здружија во 8 меѓународни Пријателски тимови и без назначени млади судии од учениците од претходни сезони на проектот да ги заземат своите позиции на пријателската клупа за судии.

Од 27 до 29 јуни младите фудбалери се наоѓаа во Пријателскиот камп, каде се одржаа тренинг-сесии под водство на млади тренери и угледни фудбалски играчи, кои им помогнаа на атлетите да изградат врски на фудбалскиот терен, да изградат тимски тактики и да го почувствуваат тимскиот дух.

На 1 јули, фудбалерите од 5-тата сезона на Меѓународната детска програма „Фудбал за пријателство“ се сретнаа како тимови на зелената трева на фудбалскиот терен и со својот пример му докажаа на целиот свет дека пријателството е можно незавинсо од полот, физичките способности и расата.

„Многу ми се допаѓа тука, првпат учествувам како играч и оваа сезона сум млад тренер. Новата позиција е голем предизвик бидејќи морам да поставам пример и да бидам капитен на сите играчи на мојот тим. Сигурна сум дека во иднина ќе го најдам својот пат во спортовите, веројатно како тренер, но засега мојот сон е станам професионален фудбалски играч“, вели Емеке Хансен, единствениот женски млад тренер (16 години, Холандија).

Пред почетокот на фудбалските битки под мотото за посветеност кон клучните човечки вредности, главниот тренер на рагби тимот за деца во инвалидски колички на Санкт Петерсбург, Владимир Бисигин, го изврши извлекувањето на тимовите.

„Ваквите шампионати се одлична можност за децата да ја покажат посветеноста кон клучните човечки вредности и да го изменат начинот на кој возрасните го гледаат светот. Ги гледам и се сеќавам на себе: децата имаат огромна страст за играта и фудбалот ги зближува“, изјави Владимир Бисигин.

Според резултатите од извлекувањето, на 1-от Шампионат „Фудбал за пријателство“ што се одржа според Олимпискиот систем, Жолтиот пријателски тим играше со Синиот пријателски тим, а Црвениот пријателски тим се натпреваруваше со Портокаловиот пријателски тим.

Белиот тим играше со Зелениот и децата со виолетови блузи се сретнаа со децата од сини блузи. По кратка пауза се одржаа полуфиналните и финалните натпревари меѓу Портокаловиот и Виолетовиот тим. Мото на натпреварот беше пријателството и еднаквноста. Резултатот од натпреварот беше 4:3 за Портокаловиот тим и атлетите се ракуваа како пријатели по означувањето на крајот на финалниот натпревар.

Кулминација на натпреварувачкиот дел од 5-тата сезона на Меѓународнаота детска општествена програма „Фудбал за пријателство“ на Гаспром беше уникатната церемонија за доделување на наградите на финалистите. Капитените на сите тимови си доделија медали, сертификати и специјални награди од Руската фудбалска федерација.

„Задоволство е да гледаш млади деца со сјајни очи од целиот свет. На шампионатот „Фудбал за пријателство“ атлети од разни земји создадоа вистински тим во рок од 3 дена. Децата се бореа за победата како возрасни и мислам дека ги очекува светла иднина“, истакна Сергеј Првадкин, потпретседател на Руската фудбалска федерациј и претседател на руската фудбалска Премиер лига.

Младите фудбалски играчи што не учествуваа ве финалниот меч одржаа серија пријателски натпревари за поддршка на вредностите на програмата „Фудбал за пријателство“. Повеќе од 1.000 луѓе присуствуваа за да ги поддржат младите атлети, меѓу нив и славни фудбалски играчи, како рускиот мабасадор на програмата, најдобриот стрелец во историјата на рускиот национален фудбалски тим Александр Керзахов и главниот тренер на националниот тим Станислав Черчесов, повеќе од 200 новинари од водечки меѓународни спортски медиуми и претставници на фудбалски здруженија од целиот свет.

Назад

GLOBAL MEDIA PARTNER

GENERAL MEDIA PARTNER

SPECIAL LANGUAGE PARTNER

LOCAL MEDIA PARTNER

This website uses cookies to enhance usage, for web analysis, advertising purposes and to integrate social media. You hereby give consent for this website or third-party suppliers to place cookies on your device. For more information please see our privacy policy