Login

usercockpit

Купот "Девет вредности" 

Купот "Девет вредности" е специјална награда на програмата "Фудбал за приjателството" која се доделува секоја година на еден од професионалните фудбалски клубови на Меѓународниот детски форум.

Купот "Девет вредности" се доделува за најголемата посветеност на сите вредности на програмата "Фудбал за приjателството": приjателство, еднаквост, справедливост, здравје, мир, посветеност, победа, традиции и чест.

Фудбалскиот клуб коjшто е достоен за Купот "Девет вредности", се избира во три етапи: меѓународно гласање за фудбалски клуб во светот коjшто ги има потребните квалитети за освојување на Купот "Девет вредности", формирање на листата на финалисти, избор на победник од страна на учесниците на програмата "Фудбал за приjателството", кои учествуваат во својство на млади амбасадори, промовирајќи ги неjзините вредности. Сите учесници на програмата гласаат за клуб, кој според нивното мислење, ги има постигнато најголемите достигнувања, не само во спортот, но и во реализацијата на социјалните иницијативи.

Овоj клуб не е само фудбалска екипа, туку е пример коjшто сакаат да го следат младите фудбалери. Во главно, децата ги избираат тие возрасни, со кои сакаат да се поистоветуваат кога ќе пораснат. Оваа награда, која ја отсликува претставата на децата за добрите работи, ги инспирира и поддржува професионалните клубови и понатаму да продолжат со спроведување на социјални иницијативи насочени на помошта на другите луѓе.

Во 2015 година Купот "Девет вредности" за прв пат беше направен од страна на познатиот германски скулптор Аким Рипергер во еден примерок за програмата "Фудбал за приjателството".

Купот сам по себе претставува уникатно уметничко дело. Скулптурата во форма на фигура на еден млад фудбалер кој ја држи земјината топка во форма на фудбалска топка, ја симболизира иднината во рацете на помладата генерација, која зависи од вредностите во кои верува оваа генерација и кои ги поттикнува.

Првиот куп "Девет вредности" беше предаден на фудбалскиот клуб "Барселона" во рамките на Третиот Меѓународен детски форум "Фудбал за приjателството". Децата кои гласаа за клубот, истакнуваат иницијативи за поддршка и развој на детскиот фудбал, како и помош на младите фудбалери од земјите во развој. Младите учесници на Меѓународниот детски форум "Фудбал за приjателството" ја доделија наградата на заменик-претседател на фудбалскиот клуб "Барселона" Рамон Понт.

Во 2016 година Аким Рипергер направи уште еден куп "Девет вредности" во еден примерок, којшто му беше доделен за време на Четвртиот Меѓународен детски форум "Фудбал за приjателството" во Милано на фудбалскиот клуб "Баерн". Наградата ја прими почесниот претседател на клубот Франц Бекенбауер.

Исто така, во 2016 година освојувач на Купот "Девет вредности" беше екипата на "Ал-Вахда" која ја претставуваше Сирија во рамките на Четвртата сезона на програмата "Фудбал за приjателството". Церемонијата на доделување на Купот се одржа во рамките на прикажување на јавната премиера на документарниот филм "Три дена без војна" во Дамаск, Сирија. Фудбалерите на клубот "Ал-Вахда" ја добиjа наградата за посветеност на вредностите на програмата "Фудбал за приjателството" и волја за победата.

Во 2017 година младите амбасадори ќе изберат три финалисти во трката за Купот "Девет вредности". Победникот ќе биде објавен на Петтиот Меѓународен детски форум во Санкт-Петербург на 2-ри јули.

GLOBAL MEDIA PARTNER

GENERAL MEDIA PARTNER

SPECIAL LANGUAGE PARTNER

LOCAL MEDIA PARTNER

This website uses cookies to enhance usage, for web analysis, advertising purposes and to integrate social media. You hereby give consent for this website or third-party suppliers to place cookies on your device. For more information please see our privacy policy