Login

usercockpit

Учесници за проектот "Фудбал за пријателството"

„"Фудбал за пријателството" е прекрасна иницијатива за деца. Често луѓето ги потценуваат нашите способности, но ние тренираме сериозно и се стремиме да бидеме најдобри фудбалери и достојно да ја претставуваме нашата држава. Јас сум горд на тоа дека нѐ одбраа нас, и навистина со нетрпение ја очекувам средбата со моите врсници, најдобри во својата земја, и се надевам дека ќе се вратам во Алжир со победа".
Лотфи Maџер, 14 години, Алжир, Алжир
Алжир, 2016 година

"Да го претставуваш "Бока" на еден толку важен турнир, тоа е чест за секој фудбалер. Ова ќе биде уникатно искуство, да се запознам со новите пријатели од целиот свет".
Алексис Гонзалес, 14 години, Буенос Аирес, Аргентина
Аргентина, 2016 година

"Среќен сум дека имам можност да се запознам со своите врсници и да се натпреварувам со нив на теренот. Кога ќе пораснам, ќе се сретнам со нив во текот на натпреварите на националните тимови, и заедно ќе се сеќаваме на турнирот "Фудбал за пријателството„".
Рубен Мартиросјан, 14 години, Ереван, Ерменија
Ерменија, 2016 година

"Проектот "Фудбал за пријателството" е уникатна можност да се запознаеш со легендарните луѓе. Јас сум многу воодушевен од тоа што ќе ја гледам фудбалската ѕвезда од таква величина каква што е Франц Бекенбауер, кој ќе биде со нас на Форумот како глобален амбасадор на проектот, а ние ќе можеме не само да го видиме, туку и да комуницираме со него!"
Андреј Потапенко, 14 години, Борисов, Белорусија
Лисабон, 23 мај 2014 година
________________________________________
"За децата патувањето беше многу плодно: тие се запознаа со другите култури и видоа со своите очи дека фудбалот пред сѐ е играта во којашто не треба секогаш да победуваш. Многу поважно е секогаш да ги почитуваш тие луѓе, со коишто ќе се сретнеш на теренот".
Елин Топузаков, тренерот, Софија, Бугарија
Лисабон, 24 мај 2014 година.

"ФК "Флуминенсе" jа користи во тек на тренинзите на спортистите една од најнапредните техники во светот: интегрираниот пристап кон обуката, бидеjќи е убеден дека колку што подобар е човекот, толку подобар играч тоj може да биде. Вредностите на "Фудбал за пријателството" се совпаѓаат со вредностите на ФК "Флуминенсе", и тоа ќе биде голема чест да ја претставуваме Бразил на турнирот, коjшто е многу важен не само за спортот, туку и за децата од целиот свет".
Тиаго Мачедо, тренерот, ФК "Флуминенсе", Рио де Жанеиро, Бразил
Бразил, 2016 година
________________________________________
"Играм фудбал веќе 10 години. Јас сум одбранбен играч или поточно, централен дефанзивец, и сонувам да станам професионален фудбалер, да играм во грчкиот национален тим и сонувам ние да победиме во Лигата на шампионите на УЕФА. Јас сум многу среќен да бидам тука денес. Мислам дека најважното нешто е да најдам нови пријатели, бидејќи фудбалот за мене значи пријателството, братството и здравјето".
Антонис Ојкономопулос, 15 години, Атина, Грција
Лондон, 25 Мај 2013 година.
________________________________________
"Се чувствувам одлично, бидејќи сега знам дека учењето и напорна работа се наградуваат. Успехот ми додаде доверба во тоа дека jас добро пишувами зборувам на англиски јазик. И јас сум пресреќна, дека можам да придонесам за развојот на интересот кон овој спорт. Се надевам дека ќе се запознам со своите врсници од целата Европа, ќе најдам нови пријатели и ќе ги одржувам односите со нив и по завршувањето на Форумот".
Ана Зебек, 14 години, Цепин, Хрватска
Лисабон, 23 мај 2014 година.
________________________________________
"Тоа беше незаборавен викенд. Прекрасно поминавме во прекрасен град и со прекрасни луѓе. Во овој неверојатен град се сретнав со неверојатни луѓе, кои станаа мои пријатели, jа погледнавме спектакуларната игра, и навистина ми се допадна да бидам новинар, бидеjќи тоа е многу интересно. Се надевам дека повторно ќе доживеам нешто слично ".
Валентин Пејз, 13 години, Таверни, Франција
Лисабон, 24 Мај 2014 година.

________________________________________
"Во мојата земја постоjат силни фудбалски традиции. Кога ќе пораснам сакам да играм за својата земја на меѓународно ниво. И сега јас сум горд декаја претставувам Германија на Меѓународниот проект "Фудбал за пријателството", кој ги обединува децата од толку многу земји".
Робин Флејк, 13 години, Гелзенкирхен, Германија
Лисабон, 24 Мај 2014 година.
________________________________________
"Тоа беше прекрасно да се сретне со децата од различни земји, а и момците од нашиот тим имаа можност да се запознаат подобро едни со други. Никогаш, никогаш нема да ги заборавиме овие денови, и се надевам дека следната година ќе имаме можност да играме фудбал со другите учесници на проектот "Фудбал за пријателството!"
Марсел Ковач, 12 години, Будимпешта, Унгарија
Лондон, 25 мај 2013 година.
________________________________________
"Во нашата земја фудбал е многу популарен. Многумина италијански клубови и играчи постигнаа до големи успеси. И мислам дека тоа е затоа што милиони луѓе ја сакаат оваа игра. Среќен сум дека оваа година нашиот тим учествува во "Фудбал за пријателството", и ние имаме можност да се сретнеме со децата од различни земји, кои го сакаат фудбалот исто како ние!"
Давид Палја, 14 години, Рим, Италија
Лисабон, 24 Мај 2014 година.


" Многу ѝ сум благодарен на компанијата "Гаспром" за можноста на нашиот клуб да учествува во социјалната програма за деца "Фудбал за пријателството" и можноста да ги запознаеме децата со клучните вредности на програмата како што се еднаквоста, пријателството, правдата, мирот, и другите".
Олег Холковскиj, тренер на младинскиот тим ФК "Дордој", Бишкек, Киргистан
Киргистан, 2016 година

________________________________________
"Мислам дека спортското мајсторство и почит кон другите култури и националности се од големо значење. Не ме е важно каква боја на кожа има човек, или каква е неговата религија. Бев избрана како учесничка на проектот "Фудбал за пријателството", бидејќи јас сум дружељубива и сакам да им помагам на другите луѓе".
Теса Храсхаус , 13 години, Алкмар, Холандија
Лисабон, 24 Мај 2014 година.

________________________________________
"Ние сме многу задоволни дека нашиот тим имаше можност да учествува во Меѓународниот социјален проект на "Гаспром", "Фудбал за пријателството". Нашите деца ја имаа уникатната можност да се сретнат со своите врсници од другите земји и да ги споделат со нив нивните искуства".
Адам Кухарчик, тренер, Варшава, Полска
Лисабон, 24 Мај 2014 година.

________________________________________
"Добро е дека во текот на Форумот "Фудбал за пријателството" ние не само што комуницираме со нашите врсници од другите земји, туку и учествуваме во овој вистински турнир. Јас сум толку задоволен дека ќе се сретнам на теренот со екипите од 16 земји!"
Фелипе Суарез, 13, Лисабон, Португалија
Лисабон, 24 Мај 2014 година.

________________________________________
"Форумот "Фудбал за пријателството" ни пружи можност да го видиме светот, да го посетиме финалето на Лигата на шампионите на УЕФА, и, на крајот, да уживаме во играта на вистинските професионалци. Ова е одлично! Генерално, проектот им помага на децата од различни градови и земји да станат приjатели. "Фудбал за пријателството" го промени мојот живот. Јас сè одлучив за себе: фудбалот за мене не е само хоби, туку сè се гради околу него".
Станислав Кутлијаров, 14 години, Екатеринбург, Русија
Лисабон, 24 Мај 2014 година.

________________________________________
" Многумина од учесниците на Форумот "Фудбал за пријателството" играат фудбал на професионално ниво. Сите сонуваме за успешна фудбалска кариера, и сфаќаме дека здравјето за нас е најважно!"
Марко Јанкович, 13 години, Белград, Србија
Лисабон, 24 Мај 2014 година.

________________________________________
" Многу сум среќен дека сум учесник на Проектот „Фудбал за пријателството", кој ги промовира важните вредности како што се мир. Млади сме, но сфаќаме дека постојат работи коишто влијаат на сите нас и на секого. И со нетрпение ја очекуваме средбата со нашите врсници од другите земји кои размислуваат на ист начин!"
Рок Фрезер, 13 години, Марибор, Словенија
Лисабон, 23 мај 2014 година.


"Сирија отсекогаш беше земја во којашто го сакаат животот, мирот и фудбалот. И тоа е одлична можност за нас да го пренесеме нашиот мирољубив апел преку фудбалот на сите учесници на овоj глобален настан. Се надеваме дека достојно ќе ја претставиме нашата култура, која ја поддржува толеранцијата и комфортниот соживот. Ова не би било возможно без поканата на програмата "Фудбал за пријателството" за што сме бескрајно благодарни".
Кутејба Аљ-Рефај, прес-аташе на ФК Аљ Вада, Дамаск, Сирија
Сирија, 2016 година

________________________________________
"Бев исполнет со гордост кога мојот син преполнет со чувството на одговорност го носеше турското знаме, облечен во дресот на фудбалскиот клуб "Галатасарај". Ви благодариме вас и сите тие коишто му помогнаа на син ми, мене и целото наше семејство да добиеме толку силни впечатоци. Првото нешто што рече Обен, беше: "Тато, тоа беше неверојатно!" Им се заблагодаруваме на компанијата "Гаспром", фудбалската академија "Галатасарај" и на тренерите на младинскиот фудбалски тим за сите емоции, што ги доживеевме ".
Деха Сарачоглу, таткото на Обенас Сарачоглу (учесник), Истанбул, Турција
Истанбул, 12 јуни 2014 година.

________________________________________
"Среќни сме да бидеме учесници на проектот "Фудбал за пријателството", да имаме можност да се сретнеме со многумина од нашите врсници од повеќето европски земји и да најдеме нови пријатели, кои го сакаат фудбалот, исто како што ние го сакаме, и со кого имаме многу заеднички нешта!"
Евгениј Архипов, 13 години, Киев, Украина
Лисабон, 24 Мај 2014 година.

________________________________________
"Играме фудбал и знаеме дека победата е резултат на заеднички напори. Сите играчи треба целосно да дадат сите нивни напори на теренот, но во исто време, треба да играат во тимот и за тимот. Ова е единствениот начинза победата . "Фудбал за пријателството" токму тоа го промовира, и затоа ние сме тука".
Луи Анесли, 14 години, Лондон, Велика Британија
Лисабон, 24 Мај 2014 година.

"Јас сум многу возбуден дека станавме дел од толку голема програма. Чест ни е да го претставуваме Виетнам и да се приклучиме кон другите младински фудбалски екипи од целиот свет. Јас и моите тимски пријатели многу сериозно се тренираме за да се подготвиме за претстојниот турнир, имајќи надеж да го доближиме виетнамскиот младински фудбал до светскиот фудбал. Сите се надеваме дека во блиската иднина сите ќе дознаат повеќе за виетнамскиот фудбал, и дека ќе имаме повеќе можности за нас да учествуваме во меѓународните пријателски натпревари, како што е овој".
Нгуен На Мин, 13 години, Плејку, Виетнам
Виетнам, 2016 година

GLOBAL MEDIA PARTNER

GENERAL MEDIA PARTNER

SPECIAL LANGUAGE PARTNER

LOCAL MEDIA PARTNER

This website uses cookies to enhance usage, for web analysis, advertising purposes and to integrate social media. You hereby give consent for this website or third-party suppliers to place cookies on your device. For more information please see our privacy policy