Фудбал за приjателство

Фудбал за приjателство - е годишна меѓународна детска општествена програма имплементирана од ЈАД Гаспром. Целта на програмата е кај младата генерација да се култивираат важни вредности и интерес за здрав начин на живеење преку фудбалот. Во рамките на програмата, играчи на фудбал на возраст од 12 години од различни земји учествуваат во годишниот Меѓународен детски форум, Светскиот куп во „Фудбал за пријателство“ и Меѓународниот ден на фудбал и пријателство. Програмата е поддржана од ФИФА, УЕФА, ООН, Олимпискиот и параолимпискиот комитет, влади и фудбалски федерации од разни држави, меѓународни хуманитарни организации, јавни организации, водечки светски фудбалски клубови. 

 

Светски шампионат „Фудбал за пријателство“

Меѓународниот детски фудбалски турнир се одржува во рамките на програмата „Фудбал за пријателство“. Екипите што учествуваат во шампионатот, Пријателските екипи, се формираат со отворено извлекување. Екипите се организирани по принципот на „Фудбал за пријателство“: спортисти од различна националност, пол и физички способности играат во истата екипа.

 

Меѓународен детски прес-центар

Посебна одлика на програмата „Фудбал за пријателство“ е тоа што има сопствен Меѓународен детски прес-центар. Тој за првпат беше организиран во рамките на програмата „Фудбал за пријателство“ во 2014 год. Младите новинари од прес-центарот известуваат за настаните од програмата во нивните земји: подготвуваат вести за национални и меѓународни спортски медиуми, учествуваат во создавањето материјал за ТВ-каналот „Фудбал за пријателство“, за детскиот весник на „Фудбал за пријателство“ и за официјалната радиостаница на програмата. Меѓународниот детски прес-центар ги обединува победниците на националните натпревари за Најдобар млад новинар, млади блогери, фотографи и писатели. Младите новинари од прес-центарот ги преставуваат своите гледишта во рамките на програмата, имплементирајќи го форматот „децата за децата“.

 

Меѓународен ден на фудбал и пријателство

Во рамките на програмата Фудбал за пријателство, на 25 април се слави Меѓународниот ден на фудбалот и пријателството. Овој празник првпат се славеше во 2014 год. во 16 земји. На овој ден се одржаа пријателски натпревари, флеш-мобови, радиомаратони, мастер-класови, ТВ-емисии, отворени сесии за тренинг итн. Во прославата зедоа учество повеќе од 50.000 учесници.

 

Деветте вредности на Фудбал за пријателство

За време на првиот меѓународен детски форум одржан на 25-ти мај, 2013 г., младите амбасадори од Велика Британија, Германија, Словенија, Унгарија, Србија, Бугарија, Грција и Русија ги осмислија првите осум вредност на програмата - пријателство, еднаквост, правичност, здравје, мир, посветеност, победа и традиции - коишто ги претставија во отворено писмо. Писмото го испратија до шефовите на меѓународните спортски организации: Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Унијата на европските фудбалски асоцијации (УЕФА) и Меѓународниот олимписки комитет. Во септември, 2013 г., Јосеф Блатер, за време на состанокот со Владимир Путин, Витали Мутко, потврди дека го примил писмото и изјави дека е подготвен да ја поддржи програмата Фудбал за пријателство.

Во 2015 г., на програмата Фудбал за пријателство ѝ се придужија учесници од Кина, Јапонија и Казахстан, и ја предложија деветтата вредност - чест.

 

Куп Девет вредности

Купот Девет вредности е награда на Меѓународната детска општествена програма „Фудбал за пријателство“. Секоја година купот се доделува за најголемата посветеност кон вредностите на проектот: пријателството, еднаквоста, правдата, здравјето, мирот, преданоста, победата, традицијата и честа. Навивачи од цел свет учествуваат во изборот на победникот, но, крајната одлука ја носат учесниците во проектот „Фудбал за пријателство“ со гласање. Фудбалски клубови што го освоиле Купот Девет вредности се: Барселона (2015), Баерн Минхен (2016), Ал-Вахда (специјална награда), Реал Мадрид (2017).

 

Белезица за пријателство

Сите активности во програмата „Фудбал за пријателство“ почнуваат со размена на Белезиците за пријателство, симбол на еднаквост и здрав начин на живеење. Белезицата се состои од две врвки со сина и зелена боја и може да ја носи секој што ги споделува вредностите на програмата.